|
Дефинитивно една од најдобрите пуцачки игрици за мобилни. Ако некои од
вас се сеќаваат на 1942 (или позната како MIDWAY
која се играше на една од првите играчки конзоли/копјутери на нашиве
простори, легендарниот Commodore 64), ова
е никогаш-вистински-не-излезениот продолжеток. Конечно сонот на
многумина љубители на овој жарн на игри се отствари. Графиката е
феноменална, звукот - одличен, а што се однесува до плејабилноста,
мислам дека нема потреба да се објаснува.
Наводно производителот смета дека ќе има уште продолженија, па затоа е
и додатокот Епизода 1 тука. Но и првава епизода е доволна да ве дрзи
приврзани за мобилниот поготово ако се наоѓате на некое досадно
предавање, само не заборавајте да го исклучите звукот :-)
Што се однесува до сторијата, таа е следнава (ова е од производителот,
колку и чудно да изгледа):
Во 1937 година, компанија за дистрибуција на водка „STALINKA
Corp.“, усовршува стратегија на глобална комунистичка
инвазија употребувајки тајно оружје: Генетски инжењирана водка која
на конзуматорите имодзема секаков вид на индивидуална воља.
Компанијата е водена од страна на Stalin-bot,
робот кој е „пијан“ за моќ и е генетска мутација помеѓу Сталин и
идната вселенска станица Мир.
Игор Марлевич и Наташа Калински - кремот на Руската Воздухопловна
Флота - дознаваат за овој заговор и припремаат специјален воздушен
напад за да ја уништат оваа ужасна направа. Операцијата е под име „Siberian
Strike“ |