|
Инспирирана од Tony Hawk Pro Skater 4, но
поедноставена поради здравјето на тастатурата на мобилните телефони,
Skate & Slam е една одлинчна игра. Првото
нешто што паѓа во очи е графиката која е доста добра со оглед на тоа
што треба да функционира на мало екранче. Телота на играчот е
прилично крупно и со повеќе детаљи, а не изостанува ни ликот на
вашата помошничка.
Станува збор за прилично реалистична игрица со пречки и рампи каде што
се инкорпорирани и повеќе трикови меѓу кои и
50-50 Slide, Grab, Flip, Nose Slide, Varial Flip и нивните
безбројни комбинации.
Со помош на агентот, учите нови стилови и ви се зголемува можноста да
добиете поголем спонзор. Вашиот агент во исто време ви е и најголема
обожавателка, па гледајте да не ја разочарате со лоши преформанси.
Како станувате се подобри и подобри, и како новите спонзори доаѓаат,
така се накачува и бројот на минималните поени кои мора да ги имате
за да успешно ја изведете турата. Некогаш освен поени, ќе мора да
изведете и посебни трикови за да поминете. Игрицата цело време
станува се потешка и потешка така да тешко дека некад ќе ја
надраснете.
Во
глобала е една добро направена игра која служи за пример дека
можностите на сегашните телефони уште не се исцрпени и незначи дека
ако играта тежи само 60-тина килобајти дека не нуди квалитетна
забава (земете ја за пример Puzznic, која
е произведена 1989 година, голема 182KB и
наменета за „флипери“, па уште и ден денес некои како мене се
замараат со неа). |