| |
 |
|
|
Ако сте запалени по тркачките жарнови, ова е сигурно една од
најдобрите тркачки игрици за мобилен. Сега, фала богу, не е
NEED FOR SPEED: UNDERGROUND, ама како
тргнале да ги прават игрициве се по аркадни (се поретко се наоѓа
игра кај што можеш мерачки кога возиш да ја гледаш колата одвнатре),
нема ЕПТЕН многу да се осети разликата.
Овде ќе се сретнете со El Diablo,
Tony и други пеколни возачи кои ќе ви го
отежнуваат патот кон целта. Па земете си кабриолетче и возите низ
улиците на Мајами или пак може да поминете под некое НЛО во
познатата аномалиска област, Area 51.
Стави ги во облог и кондурите во Лас Вегас и запознај ги ѕвездите во
Холивуд.
Немора толку да се секираш ако браниците на колите се „бацат“ пошо
сепак ова си е аркадна игрица. Заврши ги стазите за даденото време
за да се отворат нови локации. Звучи лесно? Епа не е баш.
Организаторот на Speed Devils шампионатот
поставил едно правило кое, претпоставувате, гласи: НЕМА ПРАВИЛА!
Така да спреми се да ги раснесеш опонентите со ракети пред тие тебе,
а кога мора да им киднеш употреби турбо.
Трките се типични со по 3 круга. Интересна е имплементацијата на
Кариера која плус и те сејвнува кога ќе излезеш од играта. Што се
одесува до трките, има 4 вида: Tempus Fugit, Bomb
Run, Crazy Race и Time Trial. Ако
ве бива брзо ќе се напуните со пари а тоа ќе ви даде пристап до нови
коли, ракети и нитроглицерин. Комплексноста на мисиите е различна,
некои дури и изгледаат претешки, но со тек на време како станувате
подобри, и тие ќе ги завршите. |
|
| |





 |
|
|
Карактеристики:
- 2 вида на играње: Arcade и
Career
- 4 траки со уникатна сценографија,
од плажите на Мајами до врвовите на Холивуд.
- Различни опоненти, секој со посебен карактер и предизвик -
Специјални ефекти со вибрации -
OK графика со добри визуелни ефекти,
експлозии и тунели
- Лоша страна: Некои од мисиите се фрустрирачки
- Жарн: Тркачка -
Наменето за: Сите играчи -
Систем: Java
- Големина: 63 KB -
Апарат: Nokia 3510i |
|